Корисниците што социјалната, детската и помошта за цивилна заштита ја примаат преку НЛБ банка, од денес можат да сметаат на своите пари. Средствата можат да се повлечат од банкоматите во секое време, информираат од Банката.
Исплатата, пак во готовина, ќе се реализир во експозитурите на НЛБ банка согласно веќе утврдениот редослед – по азбучен ред, според првата буква од презимето на корисниците:
среда (5 јуни) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ;
четврток (6 јуни) – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Од Банката ги потсетуваат клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.