Од НЛБ Банка со нови детали околу вооружениот грабеж утринава во Сарај каде што четири вооружени лица одземале пари. Станува збор за 115 илјади евра, а експозитурата во моментов е затворена, и ќе продолжи со работа во среда.
„Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај лоцирана во ТЦ „Сарај Центар“, се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.
Во грабежот се украдени околу 115 илјади евра, а со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот, НЛБ Банка е во интензивна соработка со надлежните органи.
Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а со редовна работа ќе продолжи од 10 јули 2019 година (среда)“, велат од НЛБ.