Дали е ова НЛО: Чудни фигури на површината во Казахстан

Дали е ова НЛО? Овие чудни фигури на површината во Казахстан се смета дека кријат мноштво информации за животот на раното човештво.

НАСА објави низа фотографии од огромни шеми нацртани на површината во Казахстан, со цел да ја реши мистеријата за тоа како тие биле изработени.

kazahstan-shemi-2

Огромните формации се познати како Степски Геоглифи. Засега научниците немаат идеја како биле формирани геоглифите, но сметаат дека мистеријата може да придонесе за голема промена во нашите сфаќања за раното човештво.

Има околу 260 дизајни, кои се врежани во земјата или направени од купчиња земја, распоредени во облици што вклучуваат правоаголници, прстени и форми на свастика. Најстариот се смета дека е околу 8.000 години стар.

За прв пат патерните биле забележани од казахстански ентузијаст во 2007-мата, кој ги забележал на Google Earth. Дмитри Деј, кој работи како економист гледал телевизиска емисија за пирамидите сакал да открие дали такви градби постојат и во Казахстан. Набљудувал внимателно и ги открил чудните структури.

kazahstan-shemi-3

Казахстан сеуште нема покренато истражувања за формите, но НАСА сега се обидува да открие како тие се нашле таму. НАСА објави низа сателитски фотографии.

Земјата околу симболите во минатото била клучна дестинација за племињата од Каменото доба кои барале место за лов. Но научниците претходно научниците не очекуваа дека тоа население имало време или организација за да гради или да копа големи симболи.