![manuel nojer](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/09/manuel-nojer.png?resize=696%2C402&ssl=1)
Голманот на германската фудбалска репрезентација и Баерн, Мануел Нојер, се повреди на тренингот на „елфовите“ поради што ќе ги пропушти пријателските натпревари против Франција и Холандија.
Нојер доживеа истегнување на левиот адуктор на мускулот на тренинг додека тренираше со националниот тим, соопшти неговиот клуб.
Раководството на баварскиот клуб, како и германската репрезентација, не соопштуваат колку долго ќе трае опоравувањето на 37-годишниот капитен на Баерн.
Германија на 23-ти март ќе одигра пријателски натпревар со Франција во Лион, а три дена подоцна во Франкфурт и гостува на Холандија.