Нојер се израмни со легендарниот Касиљас, 57 средби без примен гол во ЛШ

Мануел Нојер ја сочува мрежата празна во дуеолот со Лацио и израмни рекорд на легендарниот Икер Касиљас. Мечот против Лацио беше 57. за Мануел Нојер во Лигата на шампионите на кој не примил гол.

Толку имаше и Икер Касиљас кој досега беше осамен на врвот. На третото место е Џиџи Буфон со 52 натпревари.

Ако ја сочува мрежата на еден од следните мечеви во ЛШ, Мануел Нојер ќе биде сам на врвот по оваа статистика.