Нојер се враќа по десетмесечна пауза

Капитенот и голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер конкурира за составот за претстојниот натпревар против Дармштад во Бундеслигата по десетмесечно паузирање откако ја скрши ногата на скијање.

Тренерот на Баерн, Томас Тухел, денеска изјави дека Нојер ќе брани в сабота доколку не се случи ништо непланирано на тренингот.

Нојер последен пат играше на 1-ви декември во Катар на Светското првенство за репрезентацијата на Германија, која натпреварувањето го заврши во групната фаза. Една седмица подоцна, на одмор, ја скрши ногата додека скијаше.

Тухел рече дека повеќемесечното закрепнување е тест за карактерот на Нојер. „Сигурен сум дека многу брзо ќе се врати во својот ритам и најдобра форма“, додаде тој.

Баерн минатото лето мораше да го ангажира швајцарскиот голман Јан Зомер, но на крајот од сезоната го пушти во Интер. Сезонава бранеше резервниот голман Свен Улрих. Германскиот шампион во сабота игра на домашен терен против Дармштад.

Баерн е трет на табелата со два бода помалку од лидерот Баер Леверкузен, а Дармштад е 12-ти.