Нобелот за физика доделен за квантна механика на Французин, Американец и Австриец

EPA-EFE/Jonas Ekstromer SWEDEN OUT SWEDEN OUT

Групата научници Французинот Ален Аспе, Американецот Џон Клаузер и Австриецот Антон Цајлингерг се добитници на годинешната Нобелова награда за физика за достигнувањето остварено во областа на квантната механика за однесувањето на субатомските честички со што ги отвориле вратите за работа на супер-компјутерите и во областа на шифрираната комуникација.

Наградата им е доделена за „експериментите кои ги изведувале со споени фотони, за утврдување на кршењето на Беловите нееднаквости и за пионерското постигнување во квантната информатичка наука“, соопшти во вторникот Кралската шведска академија на науките.

Се додава дека тројцата научници овозможиле „продолжување на темелните истражувања и го трасирале патот за новата практична технологија“.

„Сега имаме големо поле за истражување кои ги вклучува квантните компјутери, квантните мрежи и безбедната квантно шифрирана комуникација“, се вели во соопштението.

Наградата, којашто се доделува подолго од еден век, во износ од 10 милиони шведски круни, ги доделува Кралската шведска академија на науките.

Нобеловата награда за физика е втората којашто Академијата ја доделува оваа седмица, откако во понеделникот шведскиот биолог и генетичар Сванте Пјаебо ја освои наградата за физиологија или медицина.

Нобеловата награда за физика често го зазема централното место меѓу наградите, бидејќи со неа се наградуваат откритија кои ги преобликуваа начините на коишто човекот го гледа светот, а досега ја добиле многу познати научници како Алберт Ајнптајн, Макс Планк и Пјер и Марија Кири.

Следните денови ќе бидат доделени Нобеловите награди за хемија, книжевност, мир и економија.