Годинешниот добитник на Нобеловата награда за економија е францускиот професор Жан Тирол, соопштија денеска во Стокхолм.Францускиот економист престижното признание го доби за својата анализа за моќта на пазарот.
„Жан Тирол е еден од највлијателните економисти на нашето време,“ соопшти комисијата за доделување на наградата.
Жан Тирол ќе добие чек од осум милиони шведски круни или 1,4 милион американски долари.