Добитници на Нобеловата награда за физика за 2020 година се англискиот физичар Роџер Пенроуз, германскиот астрофизичар Рајнхард Хенцел и америката астрономка Андреа Гуез, за откритијата за еден од најегзотичните феномени во Вселената – црните дупки, објави во вторникот шведскиот Институт Каролинска.
„Окритијата на годинешните лауреати претставуваат темели на новите области во истражувањата на компанктните и суперамасивни објекти во космосот. Истовремено тие сѐ уште оставаат многу прашања кои чекаат на одговори и ги мотивираат идните истражувања. Притоа, овие прашања не се однесуваат само на нивната внатрешна структура, туку и на тоа како да се провери теоријата на гравитацијата во екстремните услови во близина на црна дупка“, изјави Дејвид Хавиленд, претседател на Нобеловиот комитет за физика во преносот на YouTube.
Сега 89-годишниот Пенроуз уште во 1965 година математички докажал дека е можно формирање на црните дупки, како и дека тие стануваат целина на којашто ништо, па дури ни светлината не успеава да ѝ побегне. Неговите математички пресметки докажале дека црните дупки се директна последица на Општата теорија на релативноста на Албер Ајнштајн.
Општата теорија на релативноста предвидува дека црните дупки постојат, и оти се вселенски компактни објекти со огромно гравитациско привлекувње, но дури и творецот на оваа теорија, не верувал целосно во неа. Дури во 1965-та, идниот нобеловец Роџер Пенроуз докажа по математички пат дека црните дупки навистина постојат и детално ја опиша новната структура.
Шеесет и осумгодишниот Генцел и 55-годишната Гуез, пак, користејќи ги најголемите светски телескопи откриле супермасивна црна дупка во центарот на Млечниот пат, којашто е четири милиони пати поглема од Сонцето. Супермасивниот објект во центарот на нашата Галаксија астрономите го нарекуваат Стрелец А* (Стрелец А со ѕвездичка) и е обвиен со облак од вжештен гас. За оптичките телескопи Стрелец А* е невидлив, а научниците за неговото постоење дознале преку многу „светлата“ радоемисија, а потоа го потврдиле неговото постоење со фиксирање на зрачењето и во други спектари. Научните тимови кои ги предводеле Гуез и Хенцел, сфатиле како може да се види овој објект преку облакот од гас.
Сега научниците знааат дека сите галаксии имаат свои супермасивни црни дупки. Тие се голама загатка за астрофизичарите, особено поради начинот на кој стануваат толку големи. Научниците веруваат дека со вртоглава брзина ги проголтуваат сите гасови кои ги емитуваат многи густите галаксии во нивното опкружување. Двајцата физичари од почетокот на 1990-те години ја истражуваат областа наречена Стрелец А*.
Андреа Гуез е четвртата жена која е лауреат на Нобеловата награда за физика. Пред неа тоа беа Марија Кири Склодовска во 1903, кога го сподели признанието тогаш со сопругот Пјер Кири, потоа Марија Гоперт-Мајер во 1963-та и Дона Стрикленд во 2018 година. Марија Склодовска Кири ја свои во 1911 година и наградата за хемија.
Минатата 2019 година Нобеловата награда за физика ја поделија Канаѓанецот Џејмс Пиблз за „теретските откритија во физичката космологија“ и Швајцарците Мишел Мајор и Дидие Кело „за откривање на егзопланета во орбитата околу ѕвезда слична на Сонцето“.
Во 2020 година нема да има церемонија на доделување на наградите, медалите и дипломите на добитниците ќе им бидат предадени од поранешни лауреати или преку шведските амбасади во нивните земји.
Големината на паричниот дел од Нобеловата награда секоја година се менува, а годинава ќе се зголеми за милион и ќе изнесува 10 милиони шведски круни, или 1,11 милиони американски долари по сегашниот курс. Според извршниот директор на Нобеловата фондација, Ларс Хајкенстен, „зголемувањето на паричниот износ е важно за зајакнување на позицијата на Нобеловата награда во однос на другите конкурентски признанија“, Тој појасни дека зголемувањето е овозможено поради сегашниот сооднос на трошоците и капиталот на фондацијата.