Нобеловата награда за физика доделена за теоретска космологија и првата егзопланета

THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY. SWEDEN OUT. NO COMMERCIAL OR EDITORIAL SALES IN SWEDEN.

Нобеловата награда за физика за 2019 година им е доделена на Канаѓанецот Џејмс Пиблс „за теоретски откритија во физичката космологија“ и на Швајцарците Мишел Мајор и Дидеи Кало „за откривањето на егзопланета во орбитата на ѕвезда која личи на сонце“, соопшти претставникот на Нобеловиот комитет во Стокхолм.

„Годинешните лауреати го трансформираа нашето знаење за Вселената. Нивните откритија засекогаш ги променија нашите претстави за светот“, се вели во соопштението на Нобеловиот комитет.

Канадско-американскиот астрофизичар Џејмс Пиблс се заминавал со истражувањата на темната материја, првичната нуклеосинтеза, односно моделирањето на природните процеси во периодот на Големиот тресок, во текот на кој се формирале јадрата на хемиските елементи потешки од водородот, а исто така и со прашањата на образувањето на галаксиите и галактичките јата и космичката микробранова средина. Благодарение на теоретските конструкции на Пиблс, научниците можат да ги толкуваат доказите за младата Вселена и да откриваат нови физички процеси, се додава во соопштението на Нобеловиот комитет.

Тоеретстката основа, развиена од Пиблс во текот на две децении, „претставува основа на на нашето сегашно разбирање на историјата на Вселената, од Големиот тресок до нашите дни…“, сметаат шведските академици.

Според реакциите од колегите во медиумите, Џејмс Пиблс дал голем придонес во теоретскиот опис на потеклото и развојот на Вселената. Врз основа на податоците од истражувањето на блиските и опкружените со големи гасни облаци галаксии, Пиблс теоретизирал за присуството на темната материја, оценуваат неговите колеги во светот.

Заслугите на Мишел Мајор и Дидие Кело се во тоа што во октомври 1995 година станаа првите кои ја открија првата егзопланета, односно планета надвор од Сончевиот систем. Небесното тело, сега познато како 51 Пегаз б, ротира околу планета која наликува на нашето Сонце и се наоѓа на 50 светлосни години од Земјата. Оттогаш астрономите открија повеќе од 4.000 егзопланети.

Џејмс Пиблс е роден во канадската провинција Манитоба во 1935 година. Сега е почесен професор на американскиот Универзитет Принстон, и еден од водечките космолози во светот.

Мишел Мајор е роден во 1942 година во Лозана. Магистрирал на Универзитетот Лозана а докторската дисертација ја одбранил на Женевската опсерваторија. И неговиот колега Дидие Кело е роден во Лозана, во 1966 година. Докторирал на Женевскиот универзитет, под менторство на Мишел Мајор. Односно, тие тогаш заедно ја откриле првата егзопланета. Анализата на егзопланетата за Кело била само вежба во спектрометриското мерење на светлосната бризина на ѕвездата, но наскоро научникот бил изненаден кога открил дека 51 Пегаз прави цела ротација околу ѕвездата за само 4,2 дена.

Во 2017 година Мајор и Кело веќе добија престижна научна награда – признанието Волф за физика. Во академскиот свет таа се смета за предвесник на Нобеловата награда.