Нобеловата награда за хемија за 2017 година им е доделена на Швајцарецот Жак Дебуше, Американецот Јоаким Френк и Британецот Ричард Хендерсон за развој на криолектронската микроскопија којашто овозможува да се утврди структурата на молекулите со висока резолуција во развојот, соопшти во средата Кралската шведска академија на науките.
Во објавата се наведува дека методот на криолектронската микроскопија ја вовел биохемијата во нова ера. Тој овозможува да се пополнат многу празнини на бохемиската мапа, се наведува во соопштението на академијата.
Откритието на тројцата научници овозможува да се замрзнат биомолекулите за време на движењето и да се визуелизираат процесите коишто никогаш претходно не можеа да се набљудуваат. Откритието има клучно значење за основното сфаќање на хемијата на животот и за развојот на фармацевтската индустрија. Криоелектронската микроскопија, исто така, овозможува да се поедностави процесот на добивање слика на биомолекулите.
Жак Дубоше е 75-годишен научник роден во Швајцарија кој во моментов работи на Универзитетот Лозана. Јоаким Френк е роден 1940 година во Германија, а сега работи на Универзитетот Колумбија во САД. Ричард Хендерсон е роден во 1945 година во Шкотска, а работи на Универзитетот Кембриџ.
Во1990 година Хендерсон успеал да добие тридимензионална слика на растворениот на протеинскиот атом. Франк ја направи широко достапна техниката за електронска микроскопија. Во раните 1980-те години, Дубоше успеа да ја внесе вода во структурата на електронски микроскоп. „Со тоа биомолекулите може да ја задржат својата природна форма, исто така, во ваккум“, се наведува во соопштението.
Претставниците на Нобеловиот комитет му се јавиле на Френк да го известат за доделувњето на наградата. Притоа бил прашан за практичната примена на откритието.
„Секогаш изминува период кога може да се увидат непосредните можности за практичната примена. Мислав дека шансата за добивање на Нобеловата награда е многу мала, секој ден се случуваат толку многу откритија“, рекол научникот.
Од 1901 година наградата за хемија е доделена само 109 пати. Со образложение од различни причини наградата во оваа област не е доделена за неколку години: 1916, 1917, 1924, 1933 и од 1940 до 1942 година. Просечната возраст на лауреатите на ова признание изнесува 58 години. Најмлад добитник на Нобеловата награда за хемија во 1935 година е Французинот Фредерик Жолио-Кири, кој тогаш имал 35 години, кога го сподели признанието со сопругата Ирен „за изведувањето на синтезата на новите радиоактивни елементи“.