По повод овој досега невиден чин на бруталност во Европскиот парламент, претседателот на законодавниот дом на Европската унија, Мартин Шулц, излезе со соопштение, најавувајќи акција против сторителот на овој чин и посакувајќи му брзо закрепнување на својот колега во ЕП.
– Му посакувам брзо закрепнување на Стивен Вулф, член на Европскиот парламент, кој во моментов е во болница. Јас, исто така им се заблагодарувам од срце на персоналот и медицинската службата на Европарламентот во Стразбур, како и на француските медицински лица кои последователно се грижат за него. Пријавените факти се крајно сериозни. Во Европарламентот нема место за срамно и насилно однесување. Препуштање на ваков вид на однесување може да доведе до повреда на член 11 од Деловникот за работа и на член 1 од Кодексот на однесување за членовите на Европскиот парламент – истакнува Шулц во соопштението.
Како последица на тоа и без оглед на можните судски последици што овој инцидент може да ги има, претседателот на ЕП посочи дека денес се обратил до Советодавниот комитет кој е утврден со Кодексот на однесување и од него побарал да се третира ова прашање од итност следната недела.
Инаку, според британските медиуми, онесвестувањето на европратеникот Волф среде Европскитопарламент во Стразбур не било последица на физичката пресметка со неговиот колега Хокем, туку дека тоа се случило еден ипол час по истата, но дека бил под стрес и губењето на свеста било последица на судирот со неговиот партиски и парламентарен колега.