Ноќните смени причина за многу здравствени проблеми

Ширум светот милиони луѓе работат ноќе за што нема многу официјални податоци, но според едно истражување на Универзитетот Принстон, меѓу 7 и 15 отсто од работната сила во индустријализираните земји се вклучени во некој вид ноќта работа, и покрај доказите за неговото штетно влијаени врз здравјето.

„Клучниот проблем е нашиот внатрешен биолошки часовник кој е наместен на надворешниот свет, односно на изложувањето на циклусите на светлината и темнината“, вели за BBC професорот на Универзитетот Оксфорд, Расел Фостер, експерт за проблеми со спиењето.
Го појаснува механизмот на дејствување на биолошкиот часовник кај луѓето и вели дека неговото пренебрегнување го активира механизмот на стресот. Стресот го зголемува нивото на шеќер во крвта, како и крвниот притисок, бидејќи организмот се подготвува да одговори на потенцијалната закана „којашто всушност не постои, ние само сме на работа“, истакнува Фостер.

Зголеменото ниво на стрес може да доведе до кардиоваскуларни болести или абнормалност во метаболизмот како што е дијабетес од типот 2. Стресот ја отежнува и работата на имунолошкиот систем, што е добра подлога за поголемите стапки на рак на дебелото црево или рак на дојката. Светската здравствена организација (СЗО – WHO) го класифицираше ноќниот труд како можен причинител на ракот.

Ова се долгорочни последици, но недостигот од сон предизвикува и акутни. Највидлив е заморот, поради што информациите не ги примаме на вистинскиот начин, општествените сигнали погрешно ги интерпретираме, и ја губиме моќта за емпатија. Работниците во смени, патат и од срцеви проблеми, коишто се предизвикани од континуираната работа, што е во спротивност со биолошките ритами.

Дополнително, по ноќниот труд, следува и нездравата исхрана. Има истражувања коишто укажуваат дека консумирањето на јагленохидрати се зголемува за 35 до 40 отсто по само четири до пет дена намалени часови ноќен сон, поради зголеменото ниво на хормонот грелин кој го регулира гладот кај човекот. Тој нѐ прави гладни и поттикнува на консумирање шеќер и јагледнохидрати. Во крајна линија, тоа не е добро ниту за ставата или ситуации како шѓто е дијабетес од типот 2, предупредува Фостер.

Освен почестите здравствени прегледи, работниците кои работат ноќе поради ризикот од кардиоваскуларни болести и нарушувања на метаболизмот како дијабетесот, би требало секогаш на дофат да имаат здрава храна, во прв ред овошје.

Марко Хафнер, од истражувачкиот центар Ренд Европа, вели дека владите во светот сѐ повеќе стануваат свесни за овој проблем, па така Центарот за контрола и превенција на болестите во сАД прогласи дека недостигот од сон е јавна здравствена епидемија. Значи, постои сѐ поголема свест дека премалку спиење претставува проблем на јавното здравство.

Имајќи предвид дека постојат толку многу докази за здравствените ризици од ноќните смени, се поставува прашањето поради што луѓето на нив се одлучуваат? Додека некои едноставно немаат избор, другите, пак, ги преферираат