Нонковиќ за Телеком: СДСМ работеше на маргинализација на граѓаните, во интерес на сопствениот џеб

Во емисијата на Миленко Неделковски гостин беше и новинарот Бобан Нонковиќ, кој говореше за скандалот со Телеком, како и за владеењето на СДСМ во тоа време.

-Луѓето кои до ден денес го нарекуваат македонскиот народ глупав, прост, неук, немиен, всушност на дело работеле да го направат токму таков, а не каков што е. Всушност тие работеле на уназадување на македонското општество и на маргинализација комплетна на македонскиот граѓанин. За да го држат таков несвесен и неинформиран и да ги гласа таквите што работеле единствено во интерес на сопствениот џеб и буџетот на својата партија. Тоа е партијата што, за среќа, е длабоко во опозиција изминативе 10 години, истакна Нонковиќ, пренесува Курир.

Во оваа емисија, Нонковиќ додаде дека владите на СДСМ ги работат странци, а челниците на оваа партија само земаат пари.

-Американците со документите за „Телеком“, ни покажаа каква мизерија од политичари во тоа време владеела со Македонија, дополни новинарот.