Сообраќајот на автопатот Велес – Скопје е нормализиран. Од АМСМ претходно соопштија дека поради случена сообраќајна незгода во тунелот во Катланово, е во прекин, и сообраќајот се пренасочуваше преку Штип кон новиот автопат Св. Николе.
„Сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, кој претходно
беше во прекин поради сообраќајна незгода, во 14:30 часот е нормализиран.“, соопштија од АМСМ.
Се очекуваат во текот на денот детали од МВР за сообраќајката.