Во 3.25 часот сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип, кај клучка за Пробиштип е нормализиран, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Поради сообраќајна несреќа, од 00:20 часот сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип, кај клучка за Пробиштип беше во прекин за сите видови возила.
АМСМ информира дека поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско (стариот пат), сообраќајот ќе биде во прекин и денеска, во периодот од 8:00 до 18:00 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.