Нормализиран сообраќајот на патот Битола-Маково

Сообраќајот на регионалниот пат Битола-с.Маково денеска, во 12 часот, е нормализиран, информираат од АМСМ.

Регионалниот пат кон РЕК Битола беше блокиран во двата правца од 10:00 часот поради јавен собир.