Нормализиран сообраќајот на А2 крак Маврово – Стража

Нормализиран сообраќајот на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на патниот правец А2 крак Маврово – Стража од 2о часот во саботата вечерта  се одвива нормално, откако е исчистен одронот.

Како што информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“, одронот се случи на два километри пред планинскиот превој.

Екипите на „Македонија пат“ работеа на расчистувањето, а додека траеја работите сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента со присуство на сообраќајна полиција.