Нормализиран сообраќајот Штип-Кочани, но затворен патот Битола-Ресен

Сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани е нормализиран, по сообраќајната несреќа којашто се случи во петокот попладнето, меѓутоа поради сообраќајна несреќа на превојот Ѓавато кај црквата „Света  Богородица“ сообраќајот на магистралниот пат Битола – Ресен е затворен за сообраќај во двата правци.

Патничките возила се пренасочуваат по стариот пат од Битола за Ресен на потегот од превојот Ѓавато до селото Кажани, а за тешките возила сообраќајот е целосно затворен.

Сообраќајната несреќа  ја потврди сообраќајната полицијата кои се на местото на настанот. Според нив, во сообраќајката нема жртви.

Дел од патот Штип – Кочани околу два часа беше блокиран поради сообраќајна несреќа. АМСМ информира дека сообраќајот се одвива нормално од 18.45 часот.