Денеска од 13 часот, сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово, кај селото остурино, кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода, е нормализиран за сообраќај.
Тешка сообраќајка се случи утрово кај Струмица, малку пред 11 часот. Имено на патниот правец Струмица – Валандово кај село Костурино во сообраќајна несреќамеѓу три возила, четири лица итно се префрлени во болница откако се здобиле со повреди.
На патниот правец, кој важи за доста фрекфентен во овој период од годината, беше создадена голема колона од возила кои се движат кон Струмица. На спротивната лента, пак, повремено, беа пропуштани возила.