Норвешката влада соопшти дека наскоро ќе почне да враќа некои баратели на азил во Русија.
Полицијата соопшти дека околу 1.600 сириски и други мигранти пристигнале во Норвешка од Русија. Околу 20 до 30 насто од Сиријците кои се решаваат на оваа рута која е помалку опасна од онаа на Медитеранот, веќе легално живееле во Русија, наведуваат норвешките власти, најавувајќи дека ќе ги враќаат сите оние на кои не им е неопходна заштита.
Овие мигранти најчесто ја минуваат границата со велосипеди, бидејќи според руските прописи, луѓето не смеат тоа да го прават пешки.