Норвешка ќе ја зголеми планираната финансиска поддршка за Украина следната година на 2,7 милијарди долари или 30 милијарди норвешки круни, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Стере.
Норвешката влада најави дека сака „поширока коалиција“ која ќе ги поддржи донациите за Украина, пренесува Ројтерс.
Минатиот месец, малцинската влада на левиот центар предложи да ѝ се доделат 15 милијарди круни на Украина во 2025 година, што предизвика критики од опозициските партии, додека опозициската Конзервативна партија предложи на Украина да и се доделат 45 милијарди круни.
Приходите на Норвешка од нафта и природен гас се зголемија по почетокот на војната во Украина во 2022 година поради зголемувањето на цените на енергијата.