Норвешка ќе нарача 54 нови тенкови од моделот „Leopard 2“ од германско производство за својата армија од концернот „ Krauss-Maffei Wegmann grupe“ а ќе добие опција за купување на дополнителни 18 тенкови подоцна, објави во петокот норвешката владата без да прецизира рокови на испораките.
„Обезбедуваме да имаме исти тенкови како и нашите нордиски сојузници и многу клучни НАТО сојузници. Тоа дополнително го јакне нашиот однос со Германија“, изјави на прес-конференција премиерот Јонас Гар Стоере.
Норвешка која како членка на НАТО има со Русија арктичка граница долга 196 километри, избираше меѓу германските тенкови „Leopard 2 A7“ или конкурентските „K2 Black Panther“ коишто ги произведува јужнокорејскиот концерн „Hyundai Rotem“. Но воените аналитичари се скептични во однос на полната ефикасност и на двата модела во поларни климатски услови какви што владеат во областа на руската граница.
Норвешка првично планираше да набави 72 тенка, но последните месеци се водеа дискусии за намалувањето на набавката откако министерството за одбрана препорача повеќе средства да се насочат кон купувања хеликоптери, дронови и артилерија со долг дострел.