Норвешка по осми пат стана европски ракометен шампион кај жените

Репрезентацијата на Норвешка го освои Европското првенство во ракомет за жени. Норвежанките вечерва во финалето во Хернинг ја совладаа Франција со резултат 22:20 (14:10 полувреме).

Норвешка по осми пат се искачи на европскиот ракометен трон.

Претходно, во дуелот за третото место, репрезентативките на Хрватска ја победија домашната селекција на Данска со 25:19.