Норвешката принцеза верена за шаман нема веќе да го претставува кралското семејство

Верена за самопрогласениот шаман и поборничка на контроверзните алтернативните терапија, норвешката принцеза Марта Луиза се откажа од своите службени должности за подобро да ги раздвои своите лични активности од должноста на принцеза, објави во вторникот норвешката кралска куќа.

„Принцезата и нејзиниот вереник Дурек Верет сакаат појасна разлика меѓу своите сопствени активности и кралската куќа. Тоа значи дека повеќе нема да ја користи титулата принцеза и дека нема да ги споменува членовите на кралското семејство на своите социјалните мрежи, во медиумските продукции или во рамките на другите комерцијални активност“, се додава со напомена дека Марта Луис ќе ја „задржи титулата“ принцеза.

Постарата ќерка на норвешката двојка и четвртата по ред за наследување на круната, 51-годишната принцеза решила да започне нов живот со самопрогласениот духовен водач популарен во Холивуд, Дурек Верет. Во јуни објавија дека ќе се венчаат.

Принцезата, којашто ја сметаат во ексцентрична, тврди дека може да комуницира со ангелите се обидува да ги подучи и другите.

Дурек Верет се претставува како „шаман шеста генерација“, а меѓу своите ученици ги вбројува холивудските актери Антонио Бандерас и Гвиент Палтроу.

Повеќе од половината Норвежани не ја поддржуваат оваа двојка и сакат Марта Луиза да се откаже од титулата принцеза, како што порано веќе се откаже од повеќето титули вклучително и титулата Кралско Височество. Принцезата се разведе од својот прв соприг, кој потоа изврши самоубиство.