Норвешката влада се извини за законот за прогон на хомосексуалците

Норвешката влада во средата официјално се извини поради законот укинат во 1972 година кој го криминализираше сексуалниот однос меѓу мажите.

Околу 120 луѓе се уапсени и притворени во Норвешка во периодот од 1902 до 1950 година според законот укина по повеќе од две децении подоцна, на 21-ви април 1972 година. Ден пред 50-годишнината од укинувањето на законот, премиерот Јонас Гар Стере го објави официјалното извинување на властите поради тој закон.

„Преку законите, но и мрежата санкции, ние како нација и општество дадеовме до знаење дека не прифаќаме квир-љубовта. Владата сака да се извини поради тоа“, изјави Стере, челник на лабуристичката партија.

„Овој закон уништи бројни животи“, додаде министерката за култура и еднаквост Анете Третебергстун, и самата декларирана хомосексуалка.

Норвешка хомосексуалноста ја декриминализираше во 1972 година, а на еднородовите партнери животното партнерство им го овозможи во 1993 година, како втора земја во светот којашто го стори тоа по Данска. Од 2009 година во Норвешка хомосексуалните браково се правно израмнети со хетеросексуалните.