Норвешки активисти против нафтата упаднаа во министерство, 29 уапсени

Упаднивајќи во министерството за нафта и блокирајќи клучна крстосница, активистите на движењето Extinction Rebellion, започнаа во понеделникот во Осло низата протестни активности против нафтените политики на Норвешјка поради што се уапсени досега 29 лица.

Облечени во костими на поларни мечки или облечени во црно, десетици активисти го блокираа влезот во министерството за нафта и енергетика, истакнувајќи го транспарентот „Забранете ја нафтата, животот пред профитот“, а некои и упаднаа во зградата. Други активисти привремено го блокираа сообраќајот на главна раскрсница во Осло.

Движењето Extinction Rebellion бара Норвешка да ги запре истажувањата на нафтени наоѓалишта и постепено да ги прекине производството на нафта, што е важен извор на приходи за богатата скандинавска земја. Акциите на граѓанска непослушност ги најавија за целата седмица во Осло, како и во текот на две седмици во Лондон, каде што илјадници активисти се собраа на Плоштадот Трафалгар.

Норвешката полиција објави дека уапсила 29 активисти кои одбиле да се истават од коловозот.

„Ќе останеме тука сѐ додека нашите барања не бидат исполнети“, изјавила за AFP, Џени Јагер, 21-годишна активистка која упаднала во предворјето на норвешкото министерство за нафта каде што планира и да ја мине ноќта.

Експертите на Обединетите нации го прогласија извештајот од 9-ти август „црвен аларм за човештвото“, бидејќи светот сѐ побрзо се загрева отколку што досега се сметаше.

Генералниот секретар на ОН, Антониот Гутереш, оцени дека овој извештај го означил крајот на фосилните горива, но Норвешка и натаму издава лиценци за истражувања на нафтени наоѓалишта во своите води.

„Ќе му испорачуваме енергија на светот сѐ додека има побарувачка. Владата, според тоа, ќе продолжи да ја спроведува нафтената политика која ќе олесни исплатливо производство на нафта и гас во рамките на норвешките клематски политики“, порача во јуни норвешката министерка за нафта, Тина Бру.