Норвешкиот државен инвестициски фонд, во кој државата го вложувакапиталот од нафтените приходи, има одобрение да вложува во недвижности во Европа и Америка. За ваквиот потег фондот се подготвува уште од 2010 година, го управниците го добиле одобрувањето за ваквите инвестиции, пишува порталот „Лидер“.
Од европските локации најатрактивни за Фондот се Минхен, Берлин, Лондон и Париз, а од оние прекуокеанските ги интересира Бостон, Њујорк, Сан Франциско и Вашингтон.
Фондот располага со вкупно 860 милијарди долари вкупен имот,но засега само 1,2 отсто се вложени во недвижности, односно 10 милијарди долари. Според плановите на фондот до 2020 година овој удел треба да се зголеми на пет отсто. Инвестициски интерес на норвешкиот фонд се изградба на деловни објекти, складишта и трговски центри.