Носите закони со кои мафијата ќе ја контролира работата и кадровата политика на ЈО

Законот за Совет на јавни обвинители е само потпора на законот за мафиите, за да може мафијата да си го контролира кадровскиот материјал во јавното обвинителство, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната собраниска седница.

„Овие закони кои што ги пишува мафијата, вие ќе ги гласате и ќе носите и политичка и лична одговорност дека сте и дозволиле на мафијата да прави амнестија на кого сака и да си води кадрова политика во Јавното обвинителство како сака, кадри за да не се отвораат случаи како ТЕ-ТО, Фени, за Леонардо на Рашковски, случај за протокот на мигранти и тешки дроги, да не се отвори случај за милионите во СЈО, за дивоградбите во Охрид или камионите во РЕК, истакна Димовски.

Тој потенцираше дека имаме министер за правда и заменик за правда во чиј мандат се случува распад на СЈО кое стана најкорумпираното дувло во Македонија каде се рекетирале бизнисмени и се уценувале политичари според исказ на вработени во СЈО пред судски органи, се случи девалвација на правосудниот систем, партизација ЈО кое не покрена ниту еден случај за актуелната власти и се случи бегство на десетина крупни лица завршувајќи со Агим Красниќи, а почнувајќи со убиецот на Мартин Нешковски кого го пуштија од затвор

„Ја сменија Рашела Мизрахи зошто не ја тргнала таблата со Република Македонија која што стоела таму од претходно, ама дека избега Агим Красниќи на Рената Дескоска и ставија орден од СДСМ за успех. Дека избегаа десетина други затвореници од крупни случаи исто така орден, тоа е вашата правда. Најголем достиг ви е во 3 минути 47 пати да речете северна за да ви аплаудираат и да се надевате дека ќе добиете политичка милост од главата на вашата партија“, нагласи Димовски.