![zdrepka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/11/zdrepka.jpg?resize=656%2C369&ssl=1)
Од големите репрезентации, најлошо помина Италија која е рангирана во вториот шешир и сигурно ја очекува барем еден силен противник во групната фаза.
Четири од петте дебитанти, Исланд, Велс, Албанија и Северна Ирска се во последниот шешир, додека петтиот – Словачка е еден ранг погоре.
Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи по четири, пласман во нокаут фазата обезбедуваат првите две од секоја група, плус шетири од шесте најдобри третопласирани.
Од вкупно девет поранешни европски прваци, на овој шампионат пласман обезбедија шест: Германија, Шпанија, Франција, Русија (како наследник на СССР) и Чешка (како наследник на Чехословачка), додека Холандија, Данска и Грција не успеаја во квалификациите.
Ждрепката за групната фаза на Европското првенство ќе се одржи на 12 декември во Париз, а континенталниот шампионат на програмата е од 10 јуни до 10 јули 2016 година.
Распоред пред ждрепката:
Група 1: Франција, Шпанија, Германија, Англија, Португалија, Белгија
Група 2: Италија, Русија, Швајцарија, Австрија, Хрватска, Украина
Група 3: Чешка, Шведска, Полска, Романија, Словачка, Унгарија
Група 4: Турција, Ирска, Исланд, Велс, Албанија, С.Ирска