Облеката и каубојските чизми, средношколските фотографии, плакети и награди, два автомобила и оригиналниот нотен запис на глобалниот хит „We Are the World“ од 1985 година, сопственост на покојниот американски кантри пејач Кени Роџерс, се продадени викендов на наддавање.
Четири врамени нотни записи на песната „We Are the World“ се продадени за 156.250 долари, објави аукциската куќа Julien’s во неделата.
Песната ја напишаа Лајонел Ричи и Мајкл Џексон, а ја продуцираше Квинси Џонс. Кени Роџерс ја изведе во соработка со ѕвездите како Тина Тарнер, Брус Спрингстин и Синди Лопер, и собра повеќе од 50 милиони долари за сузбивање на гладот во Африка.
Овој нотен запис е посебен и бидејќи ги содржи потписите на неколку ѕвезди, а ве некои случаи и лични пораки за Роџерс.
Роден во 1938 година во Хјустон, во сојузната држава Тексас, хитовите на Роџерс ги вклучуваат песните „Islands In The Stream“, „The Gambler“, „Lucille“…
Роџерс е повеќакратен добитник на американската музичка награда Греми. Почина на 81-годишна возраст во сојузната држава Џорџија во 2020 година.