Нов американски напад врз Хутите, Бајден порача дека ќе продолжат

Соединетите држави изведоа нови напади рано во четвртокот по америанско време против јеменските Хути кои се подготвувае да истречаат проектили во Црвеното Море, тврдеше во изјавата за новинарите портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби.

Осврнувајќи се и на нападите што веќе беа изведени ноќта кон четвртокот, Кирби рече: „Ги извршивме повторно утрово, гаѓајќи проектили… за коишто мислиме дека се подготвувале во моментот да ги истрелаат во Црвеното Море“.

Додаде дека американската воена команда на Блискиот исток подоцна ќе ги објави поединости за нападот.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека американско-британските напади против Хутите во Јемен ќе продолжат, додавајќи дека бунтовниците продолжиле да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море.

Во четвртокот вечерта по европско време, американската војска ги нападна Хутите по четврти пат за помалку од една седмица.

Овие американски напади, со коишто се ризикува Блискиот исток да стане регионално жариште што ќе шири пожар, доааѓат само неколку часа откако Вашингтон уште еднаш ги карактеризираше јеменските бунтовници од шиитската заедница Хути како „терористи“.

Хутите, кои водат војна против јеменската влада поради нејзиниот попустлив став кон сунитската џихадистичка мрежа Ал Каеда речиси една деценија, се насочени кон трговските бродови за кои веруваат дека се поврзани со Израел, во област клучна за меѓународната трговија.

Соединетите држави одлучија да го предводат меѓународниот одговор на овие напади, изведувајќи напад врз Хутите во договор со Обединетото Кралство и со поддршка на Австралија, Бахреин, Канада и Холандија, откако европските сојузници Франција, Шпанија и Германија го отфрлија повикот да се приклучат на оваа коалиција во којашто всушност учествуваат американските и британските поморски сили и морнарички авијации.