Американското Министерство за енергетика го ревидираше своето мнение за потеклото на коронавирусот SARS-CoV-2 во полза на верзијата за неговото протекување од лабораторија, објави во неделата весникот The Wall Street Journal повикувајќи се на извори запознаени со разузнавачкиот извештај означен како доверлив.
Промената на позицијата во однос на потеклото кому коронавирусот кој од крајот на 2019 година му се припишуваат милиони смртни случаи ширум светот, е истакната во ажурирањето на документот од 2021 година сочинет од канцеларијата на директорката на американското национално разузнавање, Аврил Хејнс, пишува WSJ.
Со тоа, Министерството за енергетика е втората федерална агенција во САД, по Федералното биро за истраги (FBI), којашто се придржува на верзијата за лабораториско истекување на вирусот. Четири други американски федерални агенции сѐ уште се придржуваат до верзијата дека коронавирусот природно бил пренесен од животно на човек, а уште две, од кои едната е Централната разузнавачка агенција (CIA) сѐ уште немаат јасна позиција во врска со тоа.
Како што се посочува во написот, наодите на Министерството за енергетика се засноваат на новите податоци и се значајни бидејќи ресорот „располага со значително научно искуство и надгледува мрежа американски национални лаборатории коишто спроведуваат најсовремени биолошки истражувања“.
Истовремено во ова министерство својот заклучок го категоризирале како „ниска увереност“, додека FBI го означи истекувањето на коронавирусот од лабораторија како причина за пандемијата на коронавирусната болест Covid-19 со „умерена увереност“.
Соговорниците на WSJ не прецизирале кои нови податоци придонеле во Министерството за енергетика да ги преиспитаат своите позиции, но истакнале дека таму како и во FBI дошле до слични заклучоци од различни причини и показатели.
Покрај тоа, ажурираната позиција на Министерството за енергетика кога зајакнува консензусот меѓу американските федерални агенции кои се занимаваат со потеклото на коронавирусот дека тој не бил дел до програмата за создавање биолошко оружје на Кина, рекол еден од соговорниците на WSJ.
Ажурираната верзија на анализата од Министерството за енергетика содржи пет страници. Сѐ уште не е одлучено дали неговата декласифицирана верзија ќе биде објавена во јавноста. Самото министерство не го коментирало објавувањето на деталите од документот.
Американското разузнавање уште во октомври 2021 година, односно покривната Канцеларија на директорот на Националното разузнавање на САД (ODNI), во тогаш најновата процена на американската разузнавачка заедница за потеклото на вирусот SARS-CoV-2 од која беше симната ознаката за доверливост, повторно беа изнесени две основни верзии, односно за природното и за лабораториското потекло на коронавирусот. Но ниту едната не беше преферирана, а покрај тоа американското разузнавање наведе дека коронавирусот не е создаден како биолошко оружје и оти не е генетски модифициран за што кинеските власти однапред не знаеле. Се повторува и поранешното уверување дека „веројатно“ вирусот се проширил по инцидент во лабораторија во Институтот за вирологија во Вухан, мислење дадено од една од 18-те американски разузнавачки агенции.
Кина тогаш остро реагираше и го истакна и фактот дека САД сѐ уште одбиваат да одговорат на сомнежите во меѓународната заедница за воената лабораторија во Форт Детрик и повеќе од 200 такви лаборатории во бази во странство каде што наводнос се изведуваат „биолошки експерименти“. На овој начин, според Пекинг, американската страна „се обидува да ја сокрие вистината и да избегне одговорност“.
Таквите кинески обвинувања до САД добија на значење откако Москва по почетокот на својата воена операција во Украина дојде до документи кои ги предаде во Обединетите нации и според коишто во соседната земја во повеќе десетици биолошки лаборатории во кои со финансии од американскиот Стејт департменти и главно американски стручњаци биле вклучени во истражувања на разни опасни патогени и нивно можно пренесување преку животни чииште природни живеалишта се во регионот на Кавказот, како и со генетски материјали на народите од целиот регион.
И покрај сите напори на научници и лаборатории ширум светот, досега не е утврдено потеклото на SARS-CoV-2. Експертите на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) кои го посетија Вухан пролетта 2021-ва, а некои од нив се жалеа на ограничен пристап до документацијата, претходно во годинава презентираа неколку верзии на извештајот. Поточно, тие сметаат дека истекувањето од лабораторија е „исклучително малку веројатно“, и според нив коронавирусот „најверојатно“ е пренесен на луѓето од лилјаците во кои живее со илјадници години преку друго животно вклучено во синџирот на традиционалната исхрана.