Младиот словенечки кошаркар Лука Дончич, иако пред само неколку дена се врати на терените по повреда, продолжува да со одличните партии на паркетот и ноќва повторно се запиша во историјата на НБА лигата.
Во натпреварот меѓу Далас Маверикс и Голден Стејт Вориорс, Дончич за само 30 минути на паркетот впиша 31 поен, 15 асистенции и 12 скока. Ова е негов деветти „трипл-дабл“ учинок сезонова, или 17-ти во неговата БА кариера, со што влезе меѓу најдобрите на сите времиња.
Јута Џез на гости со 120-107 ги совлада ЛА Клиперс. Јута до победата ја водеше Донован Мичел со 30 поени и 9 асистенции, како и Џордан Клакрсон со 19 коша, додека најдорби кај Клиперс беа Пол Џорџ со 20 коша и 10 скока, и Каваи Ленард со 19 поени.
Победа на гости од 112:110 остварија и Фениск Санс кои беа подобри од Сакраменто Кингс. Кливленд Кавалирс ги добија Минесота Тимбервулфс со 94:88, а ЛА Лејкерс со 128:120 беа победници во дуелот со Портланд Трејлблејзерс. Сан Антониот Спарс со високи 136:109 ги совладаа Детроит Пистонс.