Повторно одвратен говор на омраза на Бранко Тричковски, долгогодишен гласноговорник и поддржувач на Зоран Заев и на СДСМ. Овој пат, негова мета е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за кој јавно вели дека би било добро тој да умре.
Тричковски, години наназад, постојано објавува постови во кои посакува нечија смрт, обезвреднува, понижува, сее омраза и никако да финишира барем еден пријавен случај против него за ширење на говор на омраза.
Имаше некои известувања од Обвинителството дека документирала некој случај против него, и сѐ се заврши на тоа.
Оттука, се поставува прашањето до кога ќе се толерираат испадите на Тричковски, и ќе се отфрлаат кривичните пријави против него? И дали можеби Зоран Заев и СДСМ се негови заштитници од законот, и дали тоа што го пишува го пишува по нивна нарачка?
Ви го пренесуваме неовиот ФБ статус во целост:
За секој случај
Што ќе се случи ако умре Христијан М.
Од корона или од запаление на слепото црево, од излив на мочка во черепот или од некоја друга смрт.
Од куршумот на некој клет душманин.
Може саксија да му падне врз главата или да ја промаши, Христијан М со точка, се разбира, не саксијата, дупката во Триумфекалната капија и да удри во подножјето на македонскиот славолук на поразите.
Што смрди на кучешка урина.
И на пијандурска мочка.
Значи, што ако човекот умре!?
Прашањето е многу сериозно и затоа предлагам да не се задржуваме на вообичаените тралалајки за тоа дека ќе се соочиме со празнина која никој нема да може да ја пополни, блаблабла…На деновите на националната жалост или радост и така натаму. Освен таа дупка, што уште ќе значи за екипата на велепредавничките Патриоти, заминувањето и на балканскиот Гостоковски по бегството на прилепскиот Брејди во Будимпешта.
Државата може да го послуша Кикифрики и да одреди најстроги протоколи за заштита на ова национално богатство, но токму тие протоколи треба да ги предвидат и најлошите варијанти.
Значи, што ако Христијан М. не напушти!?
Ќе чека ли нацијата некаков конгрес на вмро-дпмне, во Солун или во Горна Џумаја, каде било во Македонија, да бира нов претседател, нов лидер. Ќе чека. Добро, ќе чека, но времето нема да чека и не чека. Пред кого ќе одговара Заев. Му ветија на човекот дека ќе одговара. Сите, па и вмро треба да бидат одговорни спрема преземените обврски.
Читате ли вие какви паралели влече Кикифрики: ако некој македонски Освалд односно Ќосевалд, го устрели во Струмица на улица, во авионот со кој ќе го носат неговото тело во Скопјанг, нашиот Линдон веќе треба да положи заклетва над камата и револверот и водечкото мото: смрт или слобода со важна предност за смртта.
Тоа не е само прашање на вмро, тоа е прашање за Македонија. Татковината не смее да остане ниту една секунда без високото лидерство на револуцијата која тече у курац. И затоа, нашиот Линдон мораме да го знаеме веднаш. Не би сакал да се мешам во внатрешните работи на вмро, дури не и на нацијата, но, можеби ќе ми се дозволи едно сосема необврзувачко мислење: Кикифрики би бил добар Џонсон. Не се заебавам. Кикифрики би бил толку добар Линдон што во тоа име Христијан М може да посака да отиде во посета на Струмица. Има Македонија виетнами за бомбардирање.