Нов центар за плодност специјализиран за ин витро оплодување и генетика е отворен во земјава.
Во центарот „Њуборн“ со турско – македонско партнерство, покрај лекари од Турција и Албанија ќе има и домашни специјалисти по гинекологија и акушерство. Турскиот менаџмент најави можна соработка со македонскиот Фонд за здравство за поевтини и подостапни гинеколошки услуги.
Очекуваат пациенти од земјава и од странство, а веќе на 16 септември ја започнуваат првата операција. Инвестицијата чини 1 милион евра.