Бројот на загинатите и повредените во разорниот земјотрес кој ја погоди Албанија во вторникот продолжува трагично да се зголемува и веќе изнесува 49 загинати и 790 повредени, пренесува во петокот утрото весникот Koha Jone повикувајќи се на податоци од министерството за одбрана.
Како што констарира весникот, се чини дека оваа бројка за жал и не е конечна, бидејќи сѐ уште се трага под жртви под урнатините во Драч и бројот на жртвите може да се зголеми во текот на денот.
Локалните медиуми, исто така, врз основа на сведочење на жители пренесуваат дека има уште загинати. Потрагата на спасувачите вчера била прекината во Тумана и Круја. Од под урнатините на довмоците биле извлечени телата на 22 лица биле извлечени во текот на изминатите три дена. Според министерството за одбрана, во оваа област, најмногу погодена од земјотресот, повеќе нема жртви.
Во меѓувреме 25 жртви се регистрирани во Драч од 26-ти ноември, а потрагата продолжува и денеска. Во овој крајбрежен град оштетувањата на објектите е поголем, па се смета дека бројот на жртвите можеби и не е конечен.
Дождот и невремето кои започнаа синоќа во Драч ги отежнуваат напорите на спасувачките екипи кои трагаат по лицата кои се водат како исчезнати, а чијашто бројка постојано се менува и не може да се прецизира.