Црна Гора извести во понеделникот за рекордни 496 заразени со коронавирусот и за седм смртни случаи, а Националното координативно тело за сузбивање на заразните власти го осуди кршењето на епидемиолошките мерки во текот на погребот на митрополитот Амфилохие и препорача зголемување на болничките кревети во ковид-болниците
Во текот на погребот на митрополитот Амфилохие, илјадници луѓе кои присуствувале на тридневните верски обичаи ја бакнуваа раката на покојникот, се причествуваа со иста лажичка, а голем број верници собрани пред храмот на Христовото Воскресение во Подгорица не носеле заштитни маски.
„Последиците од ваквите постапки во екот на вториот бран на епидемијата, во следните денови најверојатно дополнително ќе ја отежене епидемиолошкатата ситуацијата, дополнително ќе го оптовари здравствениот систем и ќе ги загрози животите на голем број граѓани“, се вели во соопштението на Координативното тело.
Во Црна Гора моментално од коронавирусот се кативни 4.343 случаи, што е 704 заразени на 100.000 жители.
„Вкупниот број починати од средината на јуни кога во Црна Гора започна вториот бран на епидемијата изнесува 311, а од почетокот на година 320“, ссоопшти црногорскиот Институт за јавно здравје.
Во црногорскиот Синдикат на лекарите тврдат дека Црна Гора во изминатите три месеца имала највисока стапка на заразени со короанвирусот во Европа, и укажаа дека драстично расте и бројот на починатите.
„Смртноста во Црна Гора во периодот од 6-ти септември до 1-вио окромври пораснала за дури 66,5 отсто. Во Германија и Велика Британија растото е околу 10 отто, во Шведска помалку од еден отсто“, наведува суиндикатот.
Во првиот бран на епидемијата од средината на март до почетокот на мај, Цран Гора соопшти за само 324 заразени и девет починати од коронавирусот, и се прголаси за првата „корона-фри“ земја во Европа.