Нов дополнителен рок од 15 дена за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите заинтересирани за добивање  на финансиска поддршка од ИПАРД 2, мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, дека се дава дополнителен рок од 15 дена за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка преку оваа мерка од ИПАРД 2 програмата.

Ова значи дека наместо до 22  август 2021 година, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски,  информира дека со продолжување на рокот за аплицирање им се дава дополнителна можност на апликантите за прибирање на целокупната документација која е потребна за поднесување на барања за добивање на средства преку мерка 7„Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“.

„И ние и Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, увидовме дека заради летните одмори, најголем дел од домашните и странски добавувачи работат со редуциран капацитет, со што апаликантите се соочуваат со проблем околу прибирање на потребната документација и понуди за набавка на инвестициите, што пак е услов за прифаќање на апликацијата како комплетна.Токму затоа им излегуваме во пресрет на сите заинтересирани да можат да достават квалитетни, целосни апликации преку кои ќе се искористат расположливите средства.“ – информира Бачовски.

На овој повик на располагање се над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредност  а повратот на инвестицијата е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Со помош на средствата кои се на располагање на овој повик апликантите може да инвестираат во следните сектори:

1.Алтернативноземјоделскопроизводство
2.Алкохолнипроизводиодгрозјеилиовошје и пиво;
3. Колачи, тестенини и пекарскипроизводи;
4. Чај и билниекстракти;

5.Зачини и билки;

  1. Слатководнариба, ракови и мекотели и
    7. ДругипроизводикоинесенаведенивоЛистанапроизводиодАнекс I наДоговоротзафункционирањетона ЕУ.
    8. Производствонане-прехранбенипроизводи
    9. Занаетчискидејности, коисевосогласносоПравилникотзаопределувањенадејностикоиможатдагивршатзанаетчиите
    10.Обезбедувањенауслугивоземјоделството
    11.Развојнауслугизаруралнотонаселение
    12. Промоцијанаруралниоттуризам

Целокупната документација која е потребна за аплицирање може да се најде на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk. Со помош на средствата од ИПАРД 2 програмата се нуди можност да се  модернизираат домашните мали и микро претпријатија кој се моторот на домашната економија.