Сомнеж за организирана мрежа за рекет составена од истражители на АНБ кои биле отстапени на обвинителството уценувала познати скопски бизнисмени.
Луѓе од АНБ креирале фиктивни кривични пријави и со истите биле уценувани познати сопственици на компании. Еден од нив настапил со обележани пари при што во моментот дознаваме дека е приведено лицето Михаил Младеновски кој настапувал пред уценуваните жртви. Истиот е уапсен во ресторанот „Оливе“ во скопската населба Карпош, со 5.000 евра поткуп.
Воедно, нашите неофицијални информации велат дека во таквата мрежа бил вклучен и истражителот Вилијам Шекл, кој се сомничи дека е еден од организаторите на групата.
Истражителите на обвинителството ја користеле својата позиција и линковите со АНБ за да бидат уценувани жртвите.
Во моментот Вилма Рускоска бара запленување на компјутерите на вклучените лица од АНБ, на што Виктор Димовски се спротивставувал.
Во повидок е нов скандал во кој се вклучени лица од разузнавањето и власта на СДСМ.
Претходно со сомнителна службена белешка од АНБ беше притворен бизнисменот Орце Камчев кој сеуште е во притвор во скопскиот Истражен затвор во Шутка.