Нов гаф на Бајден со починати челници: Ја измеша Меркел со Хелмут Кол

Американскиот претседател Џо Бајден во средата навечер, раскажувајќи за разговор од 2021 година, ја помеша поранешната германска канцеларка Ангела Меркел со покојниот канцелар Хелмут Кол, кој почина во 2017 година, а Reuters потсетува дека ова е негов втор ваков гаф оваа седмица.

На приемот во Њујорк организиран за собирање донации за неговата нова претседателска кампања, 81-годишниот Бајден ги раскажа разговорите со европските челници на состанокот на Г7 во Велика Британија и наместо Ангела Меркел, која во тоа време беше канцеларка, тој го спомнал Хелмут Кол кој во тоа време беше покоен веќе четири години.

Неговиот разговор со Меркел се однесувале на настаните од 6-ти јануари 2021 година, односно немирите во Капитол на приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп, кој сака да ја добие републиканската номинација за претседателските избори и да му се спротивстави на Бајден.

„Кога бев избран за претседател, отидов на состанокот на Г7 во Велика Британија. Седнав и реков дека Америка се врати, а претседателот на Франција ме погледна и ме праша ‘на колку долго’. Никогаш не сум го погледнал на тој начин“, рече Бајден и потоа продолжи.

„Тогаш Хелмут Кол ме погледна и рече: ‘Претседателе, што би рекле доколку утре наутро го отворите Лондон Тајмс утре и дознаете дека илјада луѓе ги пробиле вратите на британскиот парламент и попатно убиле неколку луѓе“, се присетувал Бајден на тој разговор, заменувајќи ја Меркел со Кол.

Белата куќа не го коментираше гафот.

Претходно во неделата, зборувајќи за истиот самит, Бајден го помеша францускиот претседател Емануел Макрон со поранешниот претседател Франсоа Митеран, кој беше на власт од 1981 до 1995 година, а почина во 1996 година.