Нов генерален штрајк во Грција поради кастрењата и реформите

Грчките работнции започнаа во средата уште еден генерален штрајк поради повеќегодишните кастрења и новите мерки за штедење кои стапуваат на сила откако ова лето ќе истече и третиот меѓународен пакет финансиска помош за оваа презадолжена земја.

Во средата повеќе летови се откажани, бродовите не испловуваат од пристаништата, а јавниот превоз е нарушен во текот на еднодневниот општ штрај кој го организираа најголемите грчки синдикати од приватниот и јавниот сектор GSEE и ADEDY.

Во центарот на главниот град Атина минуваат поворки составени од работници, пензионери и студенти. На штрајкот му се приклучија и новинарите.

И покрај противењето на големиот дел од грчката јавност, левичарскиот премиер Алексис Ципрас во 2015 година го потпиша третиот моменталниот пакет странска финансиска помош во износ од 86 милијарди евра кој истекува во август годинава. Неговата влада предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза се согласи со барањата на меѓународните кредитори во 2019 и во 2020 година дополнително да ги намали пензиите и да ги големи даноците, па така првпат од ова лето ќе се применува и данок на туризмот, но вети дека потоа повторно ќе воведе колективни договори и ќе ја зголеми минималната плата.

Грција, како што се проценува, е блиску од излегување од должничката криза којашто нејзината економија ја турна во најдлабоката рецесија последните децении поради што над неа се надви заканата од банкротирање и излегување од еврозоната. На оваа членка на Европската унија, којашто во историјата веќе има прогласено неколку банкрота, меѓународните кредитори ѝ дадоа рекордни 260 милијади евра заем во неколку транши од 2010 година, со отпишување на околу 100 милијарди евра, во замена за жестоките кастрења и реформи.

Грција во замена за милијардите евра помош се обврза на болните реформи, вкупно 88, како и на мерките за штедење. Заимите ѝ помогнаа да со одржи над банкротот, но истовремено го зголемија нејзиниот долг кој сега изнесува 318 милијарди евра или 180 отсто од бруто домашниот производ (БДП).