Синоќа во комплексот „Вергина“ во скопско Волково избил инцидент откако сопственикот на „Никоб“ Кирил Лазаров сакал да влезе, велат извори за Нетпресс, но обезбедувањето го спречило. Изнервиран од тоа што не го пуштиле, сопственикот на Никоб скршил безбедносни камери и физички го нападнал обезбедувањето.
„На 08.02.2022 во 01.45 часот во СВР Скопје, Ј.Н.(63) од Скопје, лице кое извршувало обезбедување на комплекс во с.Волково, пријавил дека додека бил на работното место К.Л. физички го нападнал, оштетил две камери и одзел неколку предмети од просторијата за мониторинг. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
На Кирил Лазаров ова не му е прв инцидент.
Така, летото во елитниот скопски хотел „Александар Палас“ се случил драматичен инцидент. Според документи кои ги доби редакцијата на „Нетпрес“, на 8 јули 2021 година, Лазаров дошол во хотелот во 21 часот, почнал да се однесува агресивно и во еден момент физички го нападнал Драган Наков, синот на сопственикот на „Александар Палас“, Штерјо Наков. Во инцидентот настрадале и уште неколку присутни лица како и дел од инвентарот во објектот. Инаку фирмата на Наков е всушност и клиент на НИКОБ.
Од друга страна, фирмата на Лазаров која во последните години е препознатлива како фирма специјализирана за физичко обезбедување, во изминатите три години започнала со делување и во други сектори. НетПрес неодамна пишуваше за растот на неговата компанија „Никоб“.
И во истиот период, покрај влезот во здравствениот бизнис, фирмите на Лазаров добиваат лиценци и за влез во електроенергетскиот бизнис, како и во производството на марихуана, потоа тој се шири во земјоделството, нешто што за три години не им успева ниту на големите ивнестициски фондови. Како формула за успех се смета работата со државните институции, под закрила на тесните односи со донеодамнешниот премиер Зоран Заев, по игра на случајноста сограѓанин на Лазаров.
Што е наредното од Лазаров?