Нов инцидент во Ист Гејт – Пожар во трговскиот центар

Пожар предизвика активирање на противпожарниот заштитен систем во трговскиот центар Ист Гејт, утринава.

Според првичните неофицијални информации, пожарот избувнал во еден од рестораните.

Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Град Скопје, ја потврдил информацијата во разговор со новинарите од порталот „ПлусИнфо“, и посочил дека токму пожарникарите се обидуваат да се справат со пожарот.