Нов кикс на Баерн, Унион Берлин повторно втор

Фудбалерите на минхенски Баерн и франкфуртски Ајнтрахт во последниот меч од саботната програма на 18-то коло на германското првенство одиграа без победник 1:1.

Баерн поведе со голот на Лирој Сане во 34 минута, а за Ајнтрехт израмни Французинот Рандал Коло Мауни со погодокот во 69 минута.

Ова е третото врзано реми на Баерн во Бундеслигата и сега со 37 бодови остана на првото место но сега само со бод помалку од второпласираниот Унион Берлин, додека Ајнтрахт е петти со 32 бодови.

Претходно Унион Берлин славеше со 2:0 во градското дерби на гостувањето кај Херта. Унион дојде до трите бодови со головите на Холанѓанецот Данило Деоки во 44 и на Паул Сегуин во 67 минута.

Унион Берлин дојде до 36 бодови, бод односно два повеќе од третопласираниот РБ Лајпциг и четвртиот Фрајбург. Херта е претпоследна 17-та со 14 бодови, два помалку од местата кои гарантираат опстанок во Бундеслигата.

Фрајбург се задржа на четвртокот место благодарејќи на домашната победа од 3:1 над Аугсбург. Домашните поведоа во минута со голот на Микаел Грегорич, а за гостите израмни со реализирање на најстрогата казна Мергим Бериша во 29 минута. Но веќе во следната минута Фрајбург во врати водството преку Лукас Хелер а победата ја потврди Филип Лиенхарт во 85 минута. Аугсбург остана на 14-то место со 18 бодови, два повеќе од зоната на испаѓање.

Борусија Менхенгладбах оствари висока гостинска победа од 4:1 кај Хофенхајм. Јонас Хофман им донесе предност од 2:0 на гостите со погодоците во 12 и 37 минута. Домашните успеаја да израмнат преку Ихлас Бебу во 80 минута, но набрзо во 83 минута Ларс Стиндл ја однесе Борусија повторно на „плус два“ а во последната минута Ханес Волф го постави конечниот резултат.

Борусија Менхенгладбах моментално е осма на табелата со 25 бодови, еден повеќе од деветтиот Баер Леверкузен кој има и натпревар помалку. Хофенхајм остана 13-ти со 19 бодови.

Вердер на домашен терен со двата погодока на Никлас Филкруг во 24 од пенал и во 77 минута со 2:1 го совлада Волфсбург за кој стрелец беше Кевин Передес во 90 минута. Волфсбург така остана на седмото место со 29 бодови, а Вердер сега со 24 бодови се искачи на десеттото место.

Во најефикасниот саботен дуел Мајнц пред своите навивачи со 5:2 го победи Бохум. Домашните поведоа во првата минута од мечот преку Ли Јае -сунг а водството го удвои Силван Видмер во 17 минута, а потоа следуваа трите погодока на Карим Онисиво во 28, 57 и 87 минута. Гостите со имаа добар период околу средината на вториот дел во 70 и 72 минута кога домашната мрежа ја погодија Пјер Кунде и Ерхан Машовиќ.

Мајнц со 23 бодови моментално е 11-ти, а Бохум остана на 16 бодови на 16-то место од кое се игра квалификации за опстанок.

Во недела на распоредот се дуелите Шалке – Келн во 15,30 часот и дербито меѓу Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд кое започнува два часа подоцна.