Нов корона кластер од мерките на Владата – кластер 100 евра!

Фотографиите на кои јасно се гледа дека пред речиси сите банки чекаат во редици по повеќе од 50 луѓе за да ги подигнат тие 6000 денари, е јасен показател колку сиромашни има во државата.
Голем број граѓани си ги ризикуваат животите во време на пандемија за 6000 денари.

 

Судејќи по фотографиите, може де да се заклучи дека овие 6000 денари на Владата, не само што не се доволни за граѓаните, туку истите може да создат и нови корона кластери.