Државниот секретар на Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек денеска изјави дека верува оти и во Србија се појавил нов вид на коронавирусот, но дека се очекува потврда.
„Лично мислам дека се појави нов вид на коронавирусот, но очекуваме детекција или регистрација. Мислам дека тоа е прашање на денови, со оглед на тоа што ги имаме првите случаи во Романија. Сите овие ситуации, празници, миграциите на нашите луѓе од Европа, кои дојдоа да ги прослават новогодишните и божиќните празници, влијаеја на влошување на епидемиската состојба“, изјави Ѓерлек за РТС.
Според него, во декември имало околу 500 заболени од вирусот дневно, а сега бројот на заразени дневно е повеќе од 1.000.
„Ова е еден од најзаразните видови, велат научниците, кои се многу поискусни и имаат повеќе знаење од мене во оваа смисла. Се уште немаме потврда, но веројатно постои, со оглед на бројот на новозаразени луѓе“, рече Ѓерлек.