Нов криминал на повидок! Дали почнаа да се печатат фалсификат потврди дека сте вакцинирани?

Од 16 август почнуваат да важат новите мерки во државата за невакцинираните граѓани.

Невакцинираните граѓани нема да смеат да влегуваат во ресторани, кафулиња, нема да смеат да посетуваат спортски и културни настани… како на затворено така и на отворено.

Вакви мерки веќе извесен период се воведоа во неколку европски држави, каде предизвикаа бурни реакции и масовни протести.

Италија, Франција, Германија… воведоа рестрикции се со цел да ги натераат граѓаните масовно да се вакцинираат против Ковид-19.

Мислењата се поделени, но статистиките говорат дека вакцината штити од Ковид-19 и нејзините мутации.

Примерот со воведување рестрикции од понеделник ќе го следи и Македонија. Граѓаните и во овој случај се со поделени мислења, едни ќе излезат на протести, други од денес масовно излегоа да се вакцинираат.

Но, овие рестрикции носат и еден друг проблем, овие рестрикции наговестуваат голем криминал!

Имено наша екипа отпатува во соседна Србија, во Врање, Лесковац и Ниш, се со цел да ги прашаме граѓаните зошто покрај толку многу вакцини во нивната држава тие одбиваат да се вакцинираат?

Наидовме на зачудувачки одговори:

Зошто да се вакцинираме, кога за 30 евра во Македонија ќе си купиме сертификат дека сме вакцинирани, ни одговорија неколку од анкетираните.

-Браќа Македонци, вие доаѓате да се вакцинирате кај нас, а ние купуваме сертификат кај вас, ни кажа еден од анкетираните.

Според овие тврдења на српските граѓани, се отвора сериозен сомнеж дека бизнисот со фалсификат потврди за вакцинација во Македонија цвета!

Оттука се поставува и едно сериозно прашање, дали по воведувањето на рестриктивните мерки од понеделник овој бизнис забрзано ќе порасне?