Доследни на својата репутација на глобален лидер во полето на иновативната дијагностика и терапија, тимот на Рош Македонија во чекор со светските трендови, овозможува и во Македонија да бидат достапни нови тераписки решенија со кои се дава можност за подобрување на исходот од третманот и квалитетот на живот на пациентите.
За таа цел на 3. октомври 2018 во Скопје беше одржан промотивниот настан насловен „Рош како лидер во иновативниот третман на АЛК+ не-ситноклеточен карцином на бели дробови – ALECENSA® и АLK тестирање“.
Денес постои нова надеж за пациентите со ALK+ НСКБК.
ALECENSA® како монотерапија е индициран како прволиниски третман за лекување на возрасни пациенти со ALK+ напреднат НСКБК.
ALECENSA® e лек на фармацетската компанија „Рош“. ALECENSA® е високо селективен ЦНС активен орален лек создаден во лабораториите за истражувања во Chugai Kamakura. Наменет е за пациенти со НСКБК чии тумори се идентификувани како АЛК+. ALK+ НСКБК често се среќава кај помлади луѓе кои имаат лесна или непушачка историја. ALK мутацијата скоро секогаш се дијагностицира кај луѓе со специфичен тип на НСКБК наречен аденокарцином.
ALECENSA®е ефикасен и едноставен за употреба-терапија, бидејќи лекот се администрира перорално.
Лекот ALECENSA® има поволен однос помеѓу бенефитот и ризикот за пациентите.
На 3. октомври 2018 год. во Скопје, фармацетската компанија „Рош“ го промовираше пред стручната јавност новиот лек ALECENSA® (alectinib) наменет за лекување на возрасни пациенти со ALK напреднат НСКБК. На овој настан, стручни предавања одржаа. Настанот го отвори д-р Александра Ивановска, директор на Рош Македонија.
Нашиот придонес кон предизвикот за подигнување и подобрување на здравството во светски рамки секогаш е насочен кон истражување и развој на нови лекови и дијагностички тестови, со цел да обезбедиме подобар третман на пациентите.
Со ова Македонија се вбројува во групата на повеќе од 45 земји во кои ALECENSA® (alectinib) е одобрен како прволиниски третман за пациенти со ALK+, метастатски НСКБК. Во оваа група спаѓаат меѓу другите и САД, многу земји од Европа, Јапонија, Турција, Србија, Јужна Кореја и Сингапур.
Лекот е одобрен во Република Македонија во септември 2018 година од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД.
ALECENSA® е високо селективен и потентен инхибитор на тирозин киназа ALK и RET. Во претклиничките студии, инхибицијата на активноста на тирозин киназа ALK резултирала со блокада на сигналната каскада, вклучувајќи ги и STAT 3 и PI3K/AKT, како и индукција на клеточна смрт (апоптоза) на клетките на туморот.
ALECENSA® in vitro и in vivo покажал активност против мутирани облици на ензимот ALK, вклучувајќи и мутации одговорни за резистенција на crizotinib. Главниот метаболит на alectinib (M4) покажал слична потентност и активност in vitro.
Претклиничките податоци покажале дека alectinib не е супстрат на p-гликопротеин ниту на BCRP, кои се ефлуксни транспортери во крвно-мозочната бариера и затоа може да се дистрибуира во централниот нервен систем и да се задржува во него.
Лекот ALECENSA® се употребува перорално. Тврдите капсули потребно е да се проголтаат цели и не смеат да се отвораат ниту да се раствараат. Капсулите мора да се земат со храна.
Годишно умираат 1.59 милиони лица со белодробен карцином
Секоја година ракот на белите дробови предизвикува 1.59 милиони смртни случаи во светот, повеќе од било кој друг рак.
Околу 85% од случаите на рак на белите дробови се НСКБК. ALK мутацијата скоро секогаш се среќава кај луѓе со специфичен тип на НСКБК наречен аденокарцином. Околу 5% од нив се ALK +3. ALK-позитивниот НСКБК често се среќава кај помладите луѓе, средна возраст 52 години. Повеќе е застапен кај женскиот пол – 54% и кај луѓе кои се непушачи или неактивни пушачи4,5,6.
Ракот на белите дробови е главна област на фокус и инвестиции на Roche, и ние сме посветени на развивање на нови пристапи, лекови и тестови кои можат да им помогнат на луѓето со оваа смртоносна болест. Нашата цел е да обезбедиме ефикасна опција за третман за секој човек дијагностициран со рак на белите дробови. Во моментов имаме четири одобрени лекови за лекување на одредени видови рак на белите дробови и повеќе од десет лекови во развојното портфолио т кои ги таргетираат најчестите генетски мутации кај ракот на белите дробови или го зајакнуваат имунолошкиот систем за борба против болеста.
Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот
„Рош“ е глобален пионер на полето на фармацијата и дијагностиката насочен кон унапредување на науката заради подобрување на животот на луѓето. Обединетите сили на фармацијата и дијагностиката под еден покрив го направија „Рош“ лидер во персонализираната медицина – стратегија чија цел е лекувањето да се приспособи кон секој пациент на најдобар можен начин.
„Рош“ е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем. Исто така, „Рош“ е светски лидер за ин-витро дијагностика, ткивна канцер-дијагностика и предводник во контролата на дијабетесот.
Основан во 1896 година, „Рош“ и натаму бара подобри начини за спречување, дијагностицирање и лекување на болестите, и дава одржлив придонес кон општеството.