На вториот конгрес на македонското здружение за хематологија беше промовиран нов лек за подобар третман за болните од леукемија.
Здружението и компанијата „Рош“ кој е производител на лекот, се во преговори со Фондот за здравствено осигурување, со цел лекот да биде ставен на позитивната листа.
Лекот Gazyva (obitunuzumab) е за лекување на хронична лимфоцитна леукемија и релапс /рефракторен не-хоџкинов лимфом.
-Во Македонија, според достапните податоци,секоја година се регистрираат 60-тина нови случаи на хронична лимфоцитна леукемија и бројот на новозаболени е во постојан пораст последниве пет години -рече проф д-р Лидија Чевреска, директорка на Клиниката за хематологија.
Лекот е одобрен од Американската администрација за храна и лекови, од Европската агенција за лекови.
-Овој лек целосно ја заменува досегашната терапија и не е дополнителен здравствен трошок,рече Чевреска.